ФОТО | Милевски пред крајот на натпреварот имал расправија со Спалети

Фото: Screenshot

Македонската фудбалска репрезентација му го расипа дебито на Лучијано Спалети на кормилото на Италија.

Македонија повторно се покажа како „тврд орев“ за „Aѕурите“ и со феноменалниот гол на Барди одигра 1:1 во Скопје.

Спалети според информациите на италијанските медиуми бил нервозен поради неповолниот резултат за неговата селекција, па во финишот влегол во расправија со Благоја Милевски.

Во судиското продолжение Италијанците не ја исфрлија топката додека лежеше повреден еден наш фудбалер, а тоа не му се допаднало на Милевски кој реагирал и имал што да му каже на Спалети кој возвратил, па настанала мала расправија.

Спалети по дебито во Скопје: Одигравме пристојно, на ваков терен не можете да играте квалитетно

Елмас: Натпревар за почит, покажавме дека можеме да играме против Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот