ФОТО | Михаел Шумахер ќе стане дедо: Три месеци по венчавката, Џина ја објави радосната вест
Ќерката на легендарниот Формула 1 возач, Михаел Шумахер, објави дека е бремена. Џина Марија Шумахер и нејзиниот партнер Јаин Бертке го очекуваат своето прво дете, а радосната вест ја објавија на својот Инстаграм профил.
Препорачано
„Со нетрпение го очекуваме доаѓањето на нашето девојче. Новиот возач ќе пристигне во април 2025 година“, напиша ќерката на Шумахер на Инстаграм со фотографија од пони опкружено со розови балони, што укажува на доаѓањето на наследничката.
View this post on Instagram
Џина Шумахер и нејзиниот сопруг се венчаа на крајот на септември годинава, а судбоносното „да“ го кажаа во интимно опкружување и свечена церемонија која се одржа во строга тајност, во семејната луксузна вила.
View this post on Instagram
На венчавката било забрането да се користат мобилни телефони и да се фотографира за се да оди во најдобар ред.
Не е познато дали бил присутен и нејзиниот славен татко Михаел Шумахер.
Заедно се 7 години
Џина и Џаин се заедно седум години. Нив ги обедини љубовта кон јавањето и коњите. Џина се занимава со различни дисциплини во јавањето, а сосема е сигурно дека идните родители таа љубов ќе и ја пренесат на својата наследничка.
View this post on Instagram


