ФОТО: Метју Пери ја покажа свршеницата Моли Хурвиц во улога на модел за неговата линија на облека

Profimedia
Profimedia

Актерот Метју Пери во саботата на својот профил на Инстаграм прв пат сподели фотографија од својата свршеница Моли Хурвиц.

Тој се пофали дека Моли му помага во улога на модел за неговата линија на облека со тема од хит-серијата „Friends“, со цел да помогне на организациите за олеснување на кризата предизвикана од коронавирусот.

Instagram
Instagram

Пери (51) сподели симпатична фотографија од Хурвиц (29), додека позира со маица со слоган инспириран од „Friends“. Оваа колекција има за цел го овековечи сарказмот на ликот на Пери, Чендлер Бинг.

Instagram
Instagram

Не мора да позирате вака додека ја носите маицата, но ве молам, доколку сакате слободно направите го тоа“, шеговито напиша Пери.

Пери објави дека тој и Хурвиц се свршиле кон крајот на минатиот месец, откако започнале да се забавуваат во 2018 година.

Одлучив да се верам… За среќа, случајно излегувам со најдобрата жена на планетата“, тогаш изјави актерот за списанието „People“.

Instagram
Instagram

Пери објави и втора фотографија од Хурвиц, овој пат таа позираше со црна капа со истиот бел фонт на „Friends“ на која пишува: „Што е ова, бејзбол капа?“, додека на шега држеше банана во раката како телефон.

Капи?!? Бананата не е вклучена во ова“, напиша Пери.

Без разлика на разликата во годините, повеќе од очигледно е дека Метју и Моли се пресреќни заедно и се поддржуваат во сѐ што прават.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот