ФОТО | Метју Меконахи откри кого „Пипл“ треба да прогласи за најсекси маж на светот
Метју Меконахи на Инстаграм откри кој според него заслужува да ја носи титулата за најсекси маж на светот.
Препорачано
„Време е ‘Пипл’ да го прогласи овој господин за најсекси маж“, напиша Меконахи, заедно со фотографијата на која позира со актерската легенда Сер Ентони Хопкинс.
View this post on Instagram
Многу фанови се чинеше дека се согласуваат со него во коментарите.
„Двајца мои омилени актери“, „Ентони е легенда“, „Се движиш во добро друштво“, „И двајцата сте неверојатно згодни“, „Легенда со легенда“, „Добро кажано“, „Апсолутно се согласувам“, се некои од коментарите.
Покрај Хопкинс, Меконахи пофали уште двајца колеги. За Морган Фримен рекол дека е „легенда од прва класа“, а се сликал и со Мартин Лоренс.
„Кој друг би сакале да ви ја исправи вратоврската пред да излезете на сцената? напиша покрај фотографијата на Лоренс како си ја поправа машната.
Да потсетиме, во средината на ноември минатата година титулата за најсекси маж на годината ја освои актерот и режисер Џон Красински. На прашањето на водителот Стивен Колбер колку долго знаел дека ја освоил титулата, тој рече: „Знам веќе пет минути. Сè уште мислам дека ова е шега“.


