ФОТО | Меган Маркл наполни 41 година: Роденденската честитка од Кејт и Вилијам предизвика бура на социјалните мрежи

Фото: Профимедиа

Меган Маркл вчера го прослави 41-от роденден, но не сите мислат дека таа заслужува честитки. Особено од членовите на британското кралско семејство.

Британските ројалисти ги налути роденденската честитка со која принцот Вилијам и Кејт Мидлтон вчера, 4 август, ѝ посакаа сè најдобро на својата снаа Меган Маркл за нејзиниот 41 роденден.

Војвотката и војводата од Кембриџ објавија фотографија од војвотката на своите профили на социјалните мрежи, со едноставна порака: „Среќен роденден на војвотката од Сасекс!“.

 


Овој гест не им се допадна на многу Британци кои се лути поради Мегзит, бегството на принцот Хари и неговата сопруга во САД, нивното отстапување од кралските должности и сите други нивни потези од 2020 година до денес.

Двојката, која живее во Калифорнија со своите две деца, двегодишниот Арчи и едногодишната Лилибет Дијана, имаат многу ладни односи со остатокот од семејството. Критичарите најголем дел од вината за сите проблеми ја префрлаат на Меган.

Еден таков критичар на Твитер ја нарече Меган „драма војвотка“, додека друг рече дека „навистина не заслужува роденденска честитка“. Меѓу жестоките коментари е и оној во кој авторот вели: „Не се сеќавам дека војводата и војвотката од Сасекс му честитале роденден на некој член од кралското семејство“.

Неколку минути пред нив, роденденот на Меган ѝ го честитаа принцот Чарлс и Камила, исто така со фотографија од платинестиот јубилеј на кралицата.

Пораката на кралската палата е јасна – „Ние сме со Меган“. Барем така ѝ беше сервирано на јавноста, бидејќи паметиме дека членовите на кралското семејство и во екот на најголемите скандали ги игнорираа конфликтите и зазедоа дипломатски, а некои би рекле и неискрен став.

ВИДЕО | Принцот Хари: Се дрогирав и пиев за да заборавам како се чувствувам, добивав панични напади секогаш кога ќе ја видев камерата!

ФОТО | Се огласи и кралицата Елизабета: „Тој беше моја сила и прибежиште, и јас и нашето семејство, но и оваа земја, му должиме многу“

Принцот Хари сака извинување за третманот на платинестиот јубилеј, тврди кралски експерт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот