ФОТО | Матичните лекари на протест побараа повеќе пари, министерот Сали им порача, во Буџетот нема пари

матични лекари протест (1)
Скопје, 7 април 2022 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Голем број матични лекари од цела Македонија денеска дадоа поддршка на протестот на матичните лекари кои имаат повеќе барања меѓу кои најважно е зголемување на капитациониот бод од сегашните 63 денари на 90 денари за еден пациент.

Скопје, 7 април 2022 / Фото: Слободен печат – Елизабета Спасеновска Дамјановска

На протестот се појави и министерот Беким Сали кој рече дека се прифатливи барањата на лекарите, но нагласи дека во Буџетот за оваа година не се предвидени средства за покачување на капитацијата. Притоа, Сали на лекарите им додели благодарници, но истите не беа прифатени од страна на лекарската фела.

Скопје, 7 април 2022 / Фото: Слободен печат – Елизабета Спасеновска Дамјановска

– Сите претставници на здруженијата знаат дека работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита. Работиме на три можни модели за промена на начинот на кој се исплаќаат матичните лекари. Сметам дека денешниот ден е за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање, изјави Сали.

Претседателката на Здружението на матични лекари, Лилија Чолакова Дервишова уште еднаш ги потврди барањата на лекарите.

Скопје, 7 април 2022 / Фото: Слободен печат – Елизабета Спасеновска Дамјановска

–  Првенствено бараме зголемување на капитацијата која сега изнесува 63 денари, додека капитациониот бод на стоматолозите изнесува 48 денари, пари кои се недоволни да се покријат сите трошоци на приватните ординации. Крајно време е да се размислува за нова методологија на плаќање, но тоа би можело да се применува од следната година. Сега, ургентно на цело примарно здравство потребно е да им се покачи капитациониот бод и да им се зголемат буџетите. Исто така бараме режимот на лекови за хронично болните да важат за цел живот,  и да можат матичните лекари да ги издаваат рече Чолакова.

матични лекари протест (1)
Скопје, 7 април 2022 / Фото: Слободен печат – Драган Митрески
матични лекари протест (1)
Скопје, 7 април 2022 / Фото: Слободен печат – Драган Митрески
матични лекари протест (1)
Скопје, 7 април 2022 / Фото: Слободен печат – Драган Митрески
матични лекари протест (1)
Скопје, 7 април 2022 / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот