Напад врз затвор во Франција/Фото: Икс

ФОТО | Масовни напади врз француските затвори со запалени возила и со калашникови

Француските затвори синоќа беа цел на напади со возила-бомби, додека затворот Тулон во југоисточна Франција беше цел на оган од автоматско оружје, соопшти кабинетот на министерот за правда Жералд Дарманин.

Министерот, во објава на Икс напиша дека овие напади покажуваат дека „Републиката е соочена со трговија со дрога“, попладнево ќе оди во затворот во Тулон за да им ја понуди својата поддршка на затворските службеници на лице место.

Франција, која „презема мерки што ќе предизвикаат големо нарушување на криминалните мрежи“, „се соочува со предизвици и ќе биде одлучна и храбра“, додаде тој.

Според извор запознаен со ова прашање, „сето ова изгледа координирано и очигледно е поврзано со стратегијата на министерот против нарко бандите“. На некои места беа пронајдени и анархистички слогани.

По неговото назначување, Дарманин ја изјавува својата волја да ги изолира 100-те најголеми трговци со дрога во затвор со висок степен на обезбедување. Згора на тоа, парламентот размислува за закон „да ја извлече Франција од стапицата на трговијата со дрога“, кој главно предвидува создавање Национално обвинителство против организираниот криминал (PNACO).

Според соопштението на синдикатот на затворските службеници, „возилата беа запалени, како и влезните капии, а некои дури и станаа мета на оган од тешко оружје“.

Во затворот Вилпент, во парискиот регион, сликите од надзорните камери покажаа дека двајцата сторители навлегле во комплексот минувајќи низ насип и секој запалил возило, додека огнот се проширил и на трето.

Според друг полициски извор, возила биле запалени и во затворите во Нантер (париски регион), Екс-ан-Прованс и Валенс.

Во затворот Ла Фарледе во Тулон, 15 куршуми ја погодиле капијата на институцијата по „напад со тешко оружје, како што е калашников“, објави синдикатот ФО Правда преку Икс.

Во ноќта меѓу неделата кон понеделникот, пожари избувнаа и на паркингот на Националното училиште за казнено-поправна администрација (ENAP) и во притворниот центар Реау, во регионот на Париз, велат извори.

„Овие криминални дејствија се фронтален напад против нашата институција, против демократијата и против работниците кои секојдневно ѝ служат“, осуди ФО – Правда, барајќи „силен, итен и јасен одговор од државата“.

„Очекуваме координирана акција од министрите за правда и за внатрешни работи“, рекоа од другиот синдикат за АФП, нагласувајќи дека управата на затворот „нема човечки ресурси за да обезбеди безбедност околу институциите 24 часа на ден“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот