ФОТО: Максим Димитриевски објави фотографии од полициски џип паркиран на зелена површина и тротоар
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вечерва на Фејсбук објави фотографии од полициски џип, паркиран на зелена површина во градот, на велосипедска патека и тротоар, на само неколку метри од знак за забрането запирање и паркирање.
Препорачано

„Најостро ги осудувам ваквите вандалски однесувања особено кога доаѓаат од страна на овластени службени лица, во овој случај полициски службеници.
Возилово на МВР е паркирано преку травникот и живата ограда на тротоарот и велосипедската патека на влезот на градот на новиот кружен ток на бул. Трета МУБ на десет метри на спротивната страна од улицата има новоизграден паркинг простор кој во овој момент е полупразен. Навистина “убав пример за граѓаните” а подоцна ќе барате од општината да свикува совет за превенција преку кој наводно ќе ги едуцирате возачите на совесност, невидена хипокризија…“, пишува кумановскиот градоначалник.

„Со вашиот непрофесионализам, полуписменост и лукративност ги елиминиравте професионалците, институциите станаа ваш заложник а ние секој ден се повеќе се срамиме од вашите институции кои ги приватизиравте“ додава Димитриевски.


