ФОТО: Дел од македонските ѕвезди со силни пораки по повод 8 март

Дел од нашите ѕвезди на социјалните мрежи го одбележаа денешниот празник упатувајќи импресивни пораки до своите обожавателки, пријателки и жените ширум светот.

Пејачката Тамара Тодевска денес на својот инстаграм-профил објавува интересни видеа и мотивирачки пораки, а една од нејзините објави беше навистина посебна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Каде што има жена, таму има магија… Среќен ден на жените! Среќен 8. Март!“, напиша Тодевска.

Алпинистката Илина Арсова пак, Меѓународниот ден на жените го посвети на нејзината баба споделувајќи една интересна приказна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

Овој 8ми Март го посветувам на нашите баби кои се заслужни за слободата што ја живееме денес. На оваа фотографија, снимена некаде во 1957 година, баба ми Ленче Арсова (втора од лево) е главна домаќинка на Тито во неговата посета на Скопје. Како што се гледа на фотографијата тие ги посетиле нашите #извидници од Првиот Скопски Извиднички Одред, каде штотуку разбрав дека баба ми била дел од основачите. Фотографијата е преземена од групата стари Скопјани. Извиднички поздрав ЗДРАВО!“, напиша Илина во описот на фотографијата.

Нашиот светски познат модел Катерина Ивановска, денот на жените го честиташе со серија нејзини фотографии, дел од фотосерија за престижниот „Vogue“.

Калиопи посака жените да се слават секој ден, не само денес. „Драги мои жени, нека ни е секој ден 8-ми Март!“, напиша таа во описот на фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот