ФОТО: Македонската ракометна надеж Ива Младеновска потпиша за францускиот Брест Бретањ

фото: brest-bretagnehandball.fr

Ива Младеновска, која има само 16 години, но веќе прераснува во врвна ракометарка, ќе игра за клуб кој сезонава настапува во Лигата на шампионите.

Македонската репрезентативка, официјално потпиша договор на четири години со екипата Брест Бретањ Хандбал од Франција.

Нашиот десен бек која моментно ги брани боите на ЖРК Металург, ќе го има првото искуство во странство.

Како што соопштуваат од францускиот ракометен клуб, и покрај нејзината млада возраст, ова лето ќе приклучи на првиот, професионален тим во јули, статус кој веќе го има во ЖРК Металург, во Македонија, од својата 13 година.

Од Брест воедно пренесуваат дека Младеновска станува збор за една од најголемите талентирани ракометарки во Европа на својата позиција и дека во новиот клуб дополнително ќе го зголеми својот напредок во играта.

– Ракометот во Франција е на многу повисоко ниво, но јас сум подготвена за нови предизвици и се надевам дека ќе му помогнам на клубот во иднина – вели Младеновска за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот