ФОТО | Македонската поп-дива Калиопи денеска го слави својот 59. роденден: „Сега започнува новиот живот на Опи“
Македонската поп-дива Калиопи Букле има повод за славење. Денеска таа полни 59 години, а по тој повод сподели емотивна објава на своите социјални медиуми.
Препорачано
Имено, пејачката на својот инстаграм-профил објави ретро-фотографија, на која може да ја видиме како мало девојче во прегратките на својата мајка. Калиопи со оваа објава однапред им се заблагодари на сите за честитките.
– Од овој 28-ми декември бројките веќе не се бројат, туку се живеат… Сега започнува новиот живот на Опи, на онаа малечката која што сонуваше и мечтаеше и онаа што поприлично ја намачив со силата, вољата и упорноста во мене… Ама,ако! Вредеше! Ви благодарам однапред на сите ваши убави желби! Знам дека ќе ги има многу – напиша Калиопи покрај црно-белата фотографија.
View this post on Instagram
Калиопи е родена на 28 декември 1966 година во Охрид, а детството го поминала во Кичево.
Ќе биде запаметена по победата на едно од првите изданија на детскиот музички фестивал Златно Славејче, во 1976 година, со песната „Мојата учителка“.
Својата посериозна музичка кариера ја започнала во групата „Калиопи“, заедно со нејзиниот поранешен сопруг, авторот Ромео Грил. Првиот успешен сејугословенски хит кој произлезе од работата на оваа група бил „Лео“, чиј автор е познатиот македонски композитор Григор Копров. Со оваа песна, на фестивалот „Опатија“ во 1985 година, Калиопи ја добила наградата за најдобра интерпретација од страна на акредитираните југословенски новинари.
Калиопи во полн сјај се врати на македонската музичка естрада во 1996 година. Нејзиниот настап на Скопскиот фестивал со песната Само ти, за која освои Гран при, беше најава за големото враќање на македонската сцена. Македонската забавна музика во тој период продукциски сѐ уште беше во зародиш, па враќањето на Калиопи означуваше голем чекор напред во тој правец.
Во декември 1998 година, Калиопи го објави својот прв соло-албум (а трет во целокупната кариерата) „Обои ме“. Албумот беше снимен во Базел, Швајцарија и предизвика вистинска еуфорија во Македонија.
Калиопи ја испрати сестра ѝ во пензија со емотивна порака: „Кога бев мала, сакав да бидам како тебе“


