ФОТО: Македонија на ЛОИ во Токио ја претставуваат осум спортисти, а од нив три се жени

Колаж: СП. / Фото: Приватна архива
Македонија на ЛОИ во Токио ја претставуваат осум спортисти, а од нив три се жени – каратистката Пулексенија Јованоска, пливачката Миа Блажевска Еминова и џудистката Арбреша Реџепи.
Пулексенија Јованоска / Фото: Приватна архива
Миа Блажевска Еминова / Фото: Приватна архива
Каратистката Пулексенија Јованоска уште на почетокот на јули замина на подготовки во Словачка каде што работеше со експерти за техничка подготовка за ОИ, со Кристина Мачкова, тренер од Словачка.
Фото: Приватна архива

Љубовта кон каратето Кристина ја негува од најрана возраст, од шест години. Вели дека преку каратето учела, растела и се развивала, дека каратето нè учи за психофизички раст преку победи и порази, но и преку неправди. Од каратето научила како да победува, како да губи и да продолжи напред. Научила за истрајност, за верба во себе, верба дека напорната работа секогаш се исплаќа. Започнала од жолт појас, а денес – еве ја, на Олимпијада.

Фото: Приватна архива
На прашањето која е нејзината најголема поддршка на патот кон успесите, Пулексенија ни одговори:

– Моите најблиски, фамилијата која секогаш ме испраќа и дочекува без разлика на тоа каков е резултатот. Исто така, сакам да се заблагодарам на еден човек кој беше иницијатор да останам во каратето со целокупното негово залагање и оддавање за нас каратистите. Драган Стојановски – човекот што пред четири години кога ја потпишав Олимписката стипендија ми рече: „Напиши историја Пулексенија, како прва жена од дисциплина Кати“.

Фото: Приватна архива

Не можам, а да не ја спомнам поддршката што ја добив од Олимпискиот комитет, нивната посветеност на спортот и спортистите. Правилниот начин на соработка и моралната и етичка. Поддршка што ни ја пружаат на сите нас. Во овие моменти навистина сум благодарна и за поддршката што ја добив од Агенцијата за млади и спорт и директорот Наумче Мојсоски. И секако, на Карате федерацијата, која сите овие години беше главен столб за сите натпреварувања.

Фото: Приватна архива
Пливачката Миа Блажевска Еминова со 15 години е најмладата македонска спортитска на Игрите во Токио.
Фото: Приватна архива

– Учеството на Олимписките игри за мене претставува голем успех и уште поголема мотивација. За оваа олимпијада вложив многу труд, кој конечно се исплатеше – ни рече Миа Блажевска – Еминова, која денес во квалификациите оствари победа во својата група во дисциплината 100 метри слободно иако замина без преголеми очекувањата за пласманот, туку желбата е да се оствари најдоброто лично време и да се соборат македонските рекорди.

Фото: Приватна архива

Миа со пливање се занимава од својата четврта година, почнала со цел да научи да плива, но поради талентот што го покажала, тренерот ѝ предложил да продолжи да се занимава со овој спорт. Со освојување на првиот медал, љубовта и желбата за пливање ѝ се зголемила. Нејзин идол е пливачот Мајкл Фелпс.

Фото: Приватна архива
Арбреша Реџепи го носеше македонското знаме на церемонијата на отварањето на игрите и таа ја имаше честа да биде прва спортистка – Олимпијка која го носи македонското знаме на отварањето на летните Олимписки игри. Младата џудискта (родена во 2.000 година) настапи на 25 јули и беше совладана од противничката.
Арбреша Реџепи
Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот