ФОТО | Мајсторот на највкусната пица Наполетана во Македонија: Која е тајната на Мартин Александров?

Мартин Алекандров
Мартин Алекандров / Фото: Инстаграм

За добра пица е потребно квалитетно брашно со голем процент на протеин, вода, квасец, сол и многу љубов, го започнува разговорот мојот соговорник, пица мајсторот Мартин Алекандров.

Во морето интант рецепти на социјалните мрежи, моето око застана на едни од најкрцкавите пици со најразлични додатоци создадени од овој млад мајстор.

 „МОРАМ ДА ГО СПОМНАМ МОЈОТ МЕНТОР ЗА ПИЦА НАПОЛЕТАНА А ТОА Е ДЕЈАН ТРАЈАНОВ – ЦЕДЕ ОД КОГО ГИ НАУЧИВ ФИНЕСИТЕ КОИ ВСУШНОСТ И СЕ НАЈМНОГУ ЗНАЧАЈНИ! ПИЦАТА ШТО ЈА ПРАВАМ ИМА ГОЛЕМ ПРОЦЕНТ НА ХИДРАТАЦИЈА, 80%+ ВОДА И ДОЛГА ФЕМЕНТАЦИЈА НАЈМАЛКУ 24 ЧАСА“, ВЕЛИ МАРТИН.

Со тоа се добива лесна пица за јадење, мека, со убава структура

-Пицата се пече на над 400 степени за 60 секунди. Немам точен рецепт, се прилагодувам поред периодот од годината, според надворешната температура и според условите каде што го правам и работам тестото. Претпочитам да користам високо квалитетни италијански продукти, моцарела, маслиново масло, долго зреен пармезан или пекорино, италијански босилек кој што мојот ментор и пријател го има во својата градина. Се надевам дека во Македонија во иднина повеќе ќе се јаде пица Наполетани, вели Мартин чија приказна за правење пица од „скреч“ започнала пред околу една година.

Како научи да го правиш најкрцкавото тесто во светот?

-Со многу читање, пробување, многу желба за да се добие финален продукт од кој што ќе бидам задоволен!

Која им е омилена пица на Македонците?

-Според мене им е Капричиозата, но се надевам дека во иднина ќе има се поголем број на обожаватели и на пица Наполетани.

Дали пицата е твоето омилено јадење?

-Апсолутно, да!

Каде можеме да те најдеме и да ги пробаме твоите пици?

-Моментално сум во Охрид.

Од каде црпиш инспирација за најразлични додатоци?

-Моето искуство во кујна започна како готвач. Кога почнав да работам со пици ми беше полесно да користам различни продукти, за кои претходно имав читано многу. Инпирација црпам и од најголемите мастери на пица Наполетана од Наполи, но секогаш гледам да додам нешто свое.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот