ФОТО | Љубов од трибини: Еве кој ги бодри тенисерките на Вимбелдон
Започнат е Вимбелдон, најпознатиот светски тениски турнир и најдобрите тенисерки од светот кои се надеваат на титули се во Лондон. Од трибините ќе ги бодрат нивните згодни момчиња и сопрузи, пренесува „Daily Mail“.
Препорачано
Кортни Дафус
Девојка: Хедер Вотсон, 163-та во светот
Фудбалерот кој играше за „Евертон“ е во врска со британската тенисерка Хедер Вотсон, нешто повеќе од две години.
View this post on Instagram
„На двајцата ни оди подобро откако се запознавме. Тој е многу заслужен за тоа, многу е позитивен. Не сакам момци да имаат премногу големо влијание врз мене, но навистина влијаеше позитивно. Mногу e смирен и сталожен. Јас сум многу емотивна и тој ми е голема поддршка. Никогаш не ги пропушта моите натпревари и тоа е она што ми треба“, го пофалила своето момче Вотсон. Хедер не била голем љубител на фудбалот и имала негативни предрасуди кон фудбалерите, но Кортни пријатно ја изненадил.
View this post on Instagram
Тој игра за англискиот тим „Бромли“ и неодамна ѝ посветил статус на социјалните мрежи. „Во последните месеци кои беа навистина тешки за мене, таа секогаш беше мојата карпа. Многу е убава, посветена и инспиративна. Хедер, те сакам“, напишал тој.
Мартин Хромковиќ
Девојка: Белинда Бенчиќ, 12-та во светот
Швајцарската тенисерка со словачки корени, Белинда Бенчиќ од 2018 година е во врска со поранешниот словачки фудбалер Мартин Хромковиќ.
View this post on Instagram
Хромковиќ сега е член на нејзиниот фитнес тим, а Белинда претходно открила како парот успева да ги раздели приватниот и деловниот живот. „Кога работиме, јас навистина го гледам како тренер. Се надевам дека ќе остане така. За него, работата е завршена кога сум во форма. Мартин беше спортист, па затоа многу добро разбира кога сум нервозна или напната“, рекла Белинда за својат партнер.
View this post on Instagram
Џоел Канел
Девојка: Кејти Свон, 246-та во светот
На почетокот на оваа недела, Кејти станала првата Британка која успеала да се пласира на Вимблдон во последните 20 години преку квалификаци.
View this post on Instagram
Тие се заедно веќе пет години и често објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи. И двајцата играат тенис и кариерите им се на почеток. Последните неколку години биле предизвик за Џоел, кој за малку ќе умрел од маларија. Тој се здобил со каснување од комарец во Нигерија во 2018 година.
View this post on Instagram
„Беше многу страшно. Тогаш бев во Кина. Веднаш го однеле во болница и неколку дена се бореле за неговиот живот бидејќи се здобил со најлошиот вид на болеста. Постојат четири различни видови на маларија и тој го имаше најопасниот, кој може да биде фатален ако не почне да се лекува доволно рано. Тој беше во болница една недела, проследено со долго закрепнување. Сега е многу подобар, иако сè уште закрепнува“, изјавила Кети за борбата против маларијата.
Гаел Монфилс
Девојка: Елина Свитолина, 5-та во светот
View this post on Instagram
Тениските sвезди се заедно од 2019 година и станале омилени кај обожавателите. Французинот во моментов е 14-ти во светот, додека Украинката е 5-та, а парот често ги воодушевува своите обожаватели со заеднички фотографии на „Инстаграм“. Подготвени биле и за венчавка откако минатиот месец ја објавиле свршувачката. Веста била објавена на социјалните мрежи со фотографија на која Елина го покажува прстенот.
View this post on Instagram
„Таа рече да. Г-ѓа Монфилс“, напишал Гаел со објавата. „Да! За почетокот на нашето засекогаш“, додала таа.
Михал Хрдличка
Сопруга: Каролина Плишкова, 10-та во светот
View this post on Instagram
Чешката тенисерка го запознала Михал додека двајцата биле на забава во клуб во 2015 година. Хрдличка тогаш работел како водител на чешката телевизија и се сретнале кога тој ѝ побарал автограм. Наскоро почнале да зборуваат и размениле броеви.
View this post on Instagram
Тие биле во врска три години пред Хрдличка да ја запроси во нивниот дом во 2017 година, а се венчале во јули 2019 година во Монте Карло.
Карим Камун
Сопруга: Онс Јабеур, 24-та во светот
View this post on Instagram
Онс е првата Арапка кој влегла во „Топ 50“ во светот и прва која стигна до финалето на турнирот. Кога не е на терен, Онс поминува време со нејзиниот сопруг Карим, со кој е во брак четири години.
View this post on Instagram
Камун е шампион во мечување и има дипломирано психологија.
Алексис Оханијан
Сопруга: Серена Вилијамс, 8-та во светот
View this post on Instagram
Ко-основачот на „Редит“, Алексис Оханијан и Серена Вилијамс се венчале во Њу Орлеанс во 2017 година. Многу познати личности биле присутни на венчавката меѓу кои Бијонсе, Ким Кардашијан и Ана Винтур, а темата на венчавката била „Убавицата и ѕверот“.
View this post on Instagram
Двојката се запознала на хотелски базен во Рим во 2015 година, а тој често може да се види како ја бодри сопругата од трибините.
Станислас Вавринка
Девојка: Гарбиње Мугуруса, 13-та во светот
View this post on Instagram
На почетокот на овој месец било објавено дека швајцарскиот тенисер нема да може да настапи на Вимблдон затоа што сè уште се опоравува од операцијата на левата нога, а од истата причина го промашил и „Ролан Гарос“. Се претпоставува дека ќе дојде во Лондон да ја бодри својата девојка Гарбин од трибините.
View this post on Instagram
Парот ја одржува својата врска приватна и скоро никогаш не зборува за нивната романса.


