Влатко Лозаноски - Лозано / Фото: Фејсбук/Влатко Лозаноски - Лозано

ФОТО | Лозано сериозно се повреди — пејачот се движи со помош на патерици

Влатко Лозаноски – Лозано ја изненади јавноста со последната објава на социјалните мрежи, каде откри дека имал неочекувана повреда.

Пејачот сподели фотографија од својот автомобил на која се гледа неговата нога во завои, а веднаш до него се потпрени пар патерици. Со сликата, тој кратко напиша: „Моите нови пријателчиња за следните неколку месеци.“

Иако Лозано не ги откри деталите за тоа како дошло до повредата, евидентно е дека го чека подолг период на закрепнување.

Фото: Скриншот/Инстаграм

На 7 март, Лозано одржа голем солистички концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што салата беше исполнета со многубројна публика, која дојде да ужива во неговите најголеми хитови и во концертот насловен „Километри љубов“.

Во еден од најтоплите моменти на вечерта, Лозано на сцената го изнесе и својот син Марко, кој носеше маичка со натпис „Километри љубов за тато“, што публиката го поздрави со силен аплауз.

„Откако станав татко, празниците добија сосема поинаква димензија. Сега тие не се само датуми во календарот, туку моменти што се паметат и се градат за цел живот. Преку очите на детето повторно ја доживуваш магијата, искрената радост и возбуда што некогаш и самиот си ја имал. Празниците станаа уште поважни затоа што преку нив се пренесуваат вредности, љубов, традиција, блискост… Се трудам тие денови да бидат исполнети со топлина и убави спомени, бидејќи токму тие моменти остануваат најдлабоко врежани“, рече Лозано во интервју за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот