Концерт на Ник Кејв во Скопје/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ФОТО | Легендарниот Ник Кејв приреди незаборавна вечер за македонската публика

Моќниот баритонски глас на австралискиот музичар Ник Кејв ја поттикна македонската публика како хор да го придружува големиот музичар додека на клавир ги изведуваше најголемите и препознатливи хитови на својот бенд „Бед сидс“, безвременска поезија за љубовта, верата и загубата и музика која има свое впечатливо место на светската музичка сцена веќе 40 години.

Концерт на Ник Кејв во Скопје/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Како што вети, легендарниот рокер Ник Кејв во придружба на басистот на „Редиохед“ Колин Грунвуд песните од различни албуми од импозантата дискографија на бендот ги изведе во оригинална форма, односно како што рече самиот артист презентирајќи ја „фундаменталната гола вистина“ создадена за да поттикне емоции кај публиката што и се случи синоќа во Скопје на концертот на стадионот на АРМ, во организација на „Авалон продукција“.

Концерт на Ник Кејв во Скопје/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

„Ози“ џентлменот со англиска адреса, легендарен рок музичар и лиричар, се обиде и успеа да не се декоцентрира од извиците на навивачите на градскиот стадион каде истовремено се играше фудбалскиот натпревар Вардар-Брера, па со ист интензитет, енергија и жар ги изведе емотивните песни кои ги создаде пред повеќе од две децении инспирирани од своето семејство, „O Children“, „Papa Won’t Leave You, Henry“, порачувајќи колку луѓето се ранливи и колку е невозможно родителите да ги заштитат своите деца, алудирајќи на личната загуба на своите синови.

Концерт на Ник Кејв во Скопје/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Во текот на тричасовниот концерт ги изведе и „The Weeping Song“, „Jubilee Street“, „Higgs Boson Blues“, „Тhe Ship Song“, Cinnamon Horses“, „The Mercy Seat“ во чии препознатливи рефрени се вклучи и публиката.

Концерт на Ник Кејв во Скопје/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Во чест на легендарниот музичар, поет и кантавтор Леонард Коен, Ник Кејв пред скопската публика ја изведе познатата нумера „Avalanche“ и раскажа приказна како, кога првпат ја слушнал во родното градче во Австралија како 14-годишно момче го инспирала и го поттикнала да твори во натамошниот живот. При крајот на концертот ја изведе „Cosmic Dancer“ на Марк Болан и Ти-рекс за кои кои исто така рече дека имале влијание врз неговото музичко творештво.

Концерт на Ник Кејв во Скопје/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Ник Кејв го посети Скопје во рамки на својата европска соло турнеја конципирана така да посети помали градови ( Пловдив, Лоѓ, Киелце..) и места каде претходно не одржувал концерти, и како што рече „да шетаме, да ја вкусиме нивната традиционална кујна, да пливаме во нивните езера и вечерта да направиме концерт“ односно вистински „работен одмор“.

Колин Гринвуд//Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

По бисот што самиот го најави ги изведе култните нумери „Palaces of Montezuma“, Watching Alice, „Love Letter“…, а пред македонската публика се одјави со познатата „Into my arms“.

Концерт на Ник Кејв во Скопје/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Харизматичниот музикар секоја песна ја заврши со насмевка, задоволен од приемот кај публиката во Скопје која го пречека на нозе за разлика од неговите настапи во други места кои се одржуваат главно во театри и затворени простори.

Концерт на Ник Кејв во Скопје/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот