ФОТО | Култниот портрет на Ворхол – „Shot Sage Blue Marilyn“ проценет на 200 милиони долари

Енди ворхол мерилин монро
Shot Sage Blue Marilyn, Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Култната слика на Мерилин Монро, направена од Енди Ворхол би можела да стане најскапото уметничко дело 20 век продадено на аукција, пишува „Тhe New York Times“.

Сликата позната како „Shot Sage Blue Marilyn“ се очекува да се продаде за околу 200 милиони долари, според аукциската куќа „Christie’s“ (Кристи). Познатата слика сега ѝ припаѓа на Фондацијата на Томас и Дорис Аман од Цирих. Средствата ќе бидат наменети за децата ширум светот и подобрување на животот преку здравствени и образовни програми.

„Сите приходи ќе одат во добротворни цели“, соопшти аукциската куќа.

Делото кое е крупен кадар на Монро со нејзината коса во жолта боја, сина сенка на очи и светло црвени усни беше создадена во 1964 година.

Енди ворхол мерилин монро
Shot Sage Blue Marilyn, Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Ворхол бил инспириран да ги наслика портретите на Монро по нејзината смрт во 1962 година, а визуелна инспирација ја добил од промотивната фотографија за филмот „Niagara“ на Хенри Хатавеј од 1953 година.

Ако делото навистина се продаде за проценетата цена, тоа ќе го сруши сегашниот рекорд на Ворхол на аукција – поставен во 2013 година од „Silver Car Crash“, кој достигна цена од 105,4 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicholas Foulkes (@n_foulkes)

Најскапата слика од 20 век продадена на аукција е „Les femmes d’Alger“ (version „О“) од Пикасо, која достигна цена од 179 милиони долари во мај 2015 година во „Christie’s“ Њујорк.

Сликата треба да се најде на аукција во мај.

ФОТО | Мерилин Монро и Џо Димаџио: Љубов каква што му прилега на Холивуд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот