ФОТО | Куќата на Тина Тарнер вредна 58 милиони фунти ќе стане музеј

Фото: Instagram/ EPA

Музејот кој ќе биде именуван по Тина Тарнер ќе се отвори во вилата на пејачката во близина на Циришкото езеро, пренесува „Дејли мејл“.

Имено, по смртта на пејачката минатата недела, сега се тврди дека нејзиниот вдовец Ервин Бах планира да ја искористи вилата за да ги изложи предметите кои се поврзани со кариерата на покојната ѕвезда.

Инаку, вилата кој вреди 58 милиони фунти, била купена во 2021 година од Тина Тарнер и нејзиниот сопруг Ервин. На неверојатниот имот има базен, езерце и пристаниште, а во истата област живее и тенисерот Роџер Федерер.

Фото: EPA-EFE/MICHAEL BUHOLZER IMAGE TAKEN WITH A DRONE

Иницијативата за отворање на овој музеј започнала откако било објавено дека во нејзиниот роден град Браунсвил, Тенеси ќе биде поставен споменик посветен на Тина Тарнер. Статуата на Тарнер најверојатно ќе се наоѓа во паркот во Браунсвил, кој се наоѓа блиску од училиштето во кое таа учела.

Да потсетиме, музичката икона Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст, на 24 мај, во својот дом во Цирих, Швајцарија. Таа починала од природна смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот