ФОТО | Кристина Агилера во секси долна облека ги воодушеви фановите: „Најзгодната жена на светот!“
Славната пејачка Кристина Агилера (44) повторно ја воодушеви јавноста со својот изглед. На новите фотографии објавени на Инстаграм, таа позира во едно од своите најпредизвикувачки изданија досега – црна долна облека која ги истакнува нејзините облини.
Препорачано
Агилера, позната по хитовите „Genie in a Bottle“ и „Lady Marmelade“, носи впечатлив црн градник, во комбинација со танга и најлонки, дополнети со високи потпетици и темна шминка. Позира лежејќи на шанк, пред огледало и на маса, оставајќи силен впечаток со своите заводливи пози.
Фотографиите собраа над 150.000 лајкови, а коментарите беа преполни со комплименти: „Најзгодната жена на светот“, „Спектакуларна си“, „Една од најубавите жени некогаш“.



Минатата година, Агилера покажа драстична трансформација на телото – ослабела 20 килограми, што покрена гласини дека користи „Оземпик“. Пејачката истакна дека се храни здраво, ги избегнува грицките и редовно вежба, особено јога, бокс и кардио.
„Веќе не ме интересира што мислите за моето тело“, изјави тогаш.


