Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | „Кога порасна?“: Роберт Билбилов сподели ретка фотографија од синот, му го честиташе полнолетството

Синот на нашиот продуцент и пејач Роберт Билбилов, Давид го слави својот 18. роденден. По тој повод, неговиот горд татко во објава на социјалните мрежи му го честиташе полнолетството.

Билбилов, сподели ретка фотографија од Давид, на која може да се види колку момчето пораснало и наликува на својот татко.

„Малиша, честито полнолетство. Те сака татич. Кога порасна?“, напиша музичарот покрај фотографијата.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Да потсетиме, Роберт Билбилов го доби синот Давид на 24 години, во бракот со тогашната сопруга Ана. Парот се разведе по речиси 5 години поминати заедно во љубов.

Интервју со Роберт Билбилов, композитор: Сенката на татко ми никогаш не ми беше товар, туку ветер во грб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот