Дом на културата „11 октомври“ во населбата Ченто / Фото: „Слободен печат“

ФОТО | Конечно, населбата Ченто повторно го доби Домот на култура „11 Октомври“

По неколку децении скапување, злоупотреба, пожари и урнисување, уништениот дом за култура „11 Октомври“ во Ченто денеска официјално беше пуштен во употреба, откако по една година градежни активности заврши реновирањето на објектот.

Дом на културата „11 октомври“ во населбата Ченто / Фото: „Фејсбук“

На отворањето присуствуваа жители на населбата Ченто, градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура Зоран Љутков.

По многу најави, конечно му дојде редот: Ќе се враќа „сјајот“ на домчето во Ченто

Градоначалникот Стефковски изјави дека објектот располага со сцена за настапи, галерија и библиотека, како и дека објектот ќе биде енергетски ефикасен.

-После 40 години запоставеност, местото кое беше симбол на застој – денес прерасна во современ Дом на културата „11 Октомври“. Од „црна точка“ создадовме светла точка која ќе биде срцето на културата во Гази Баба! Со инвестиција од над 87.000.000 денари, обезбедени преку Владата на Република Македонија, изградивме модерен, енергетски ефикасен објект по европски стандарди. Простор на три нивоа – со сцена, галерија, библиотека и современи услови за развој на уметноста и креативноста- вели Стефковски.

Дом на културата „11 октомври“ во населбата Ченто / Фото: „Слободен печат“

Премиерот Мицкоски истакна дека е исклучително задоволен од овој проект, кој, како што вели, ќе биде додадена вредност на културниот живот во Гази Баба.

-Јас сум исклучително задоволен што еве после отприлика една година, се сеќавам тогаш директно од пат дојдовме овде кога почнуваше да се реконструира овој културен дом во Ченто. Еве денеска после една година сме сведоци на неговото пуштање во употреба, реализација за Општина Гази Баба и за културниот живот во Општина Гази Баба ова ќе биде додадена вредност“, рече Мицкоски.

Дом на културата „11 октомври“ во населбата Ченто / Фото: „Слободен печат“

Министерот за култура Љутков соопшти дека целиот проект за реконструкција на домот за култура чинел 87.5 милиони денари, или нешто над 1.4 милиони евра.

-Денес свечено го отворивме реконструираниот Дом на културата „11 октомври“ во населбата Ченто, во општина Гази Баба. Со ова, Ченто добива нов, современ центар кој ќе го збогати културниот живот и ќе ја зајакне заедницата. Нека овој Дом на културата биде место на креативност, инспирација и заедништво за сите генерации- изјави Љутков.

Дом на културата „11 октомври“ во населбата Ченто / Фото: „Слободен печат“

Објектот изминатите четири децении беше вистинска дупка – опожаруван, урнисуван и навистина грда глетка за чентовци, а воедно објектот своевремено беше и дувло за зависници.

Дете се набоде на игла од шприц кај запуштениот Дом на културата во Ченто: Стефковски жали и ветува реконструкција на објектот

 

Општината овој проект го најави во февруари минатата година, а сега жителите на Гази Баба, но и сите скопјани можат да уживаат во услугите и активностите кои во иднина повторно ќе ги нуди популарното „домче“ во Ченто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот