Дајан Китон - Фото: Икс

ФОТО | Кому ќе му припадне богатството на Дајан Китон вредно 100 милиони долари?

Холивудската икона Дајан Китон, која почина на 11 октомври на 79-годишна возраст, зад себе остави импресивно богатство проценето на околу 100 милиони долари.

Според извори блиски до семејството, здравствената состојба на славната актерка се влошила нагло во последните месеци, а дури и нејзините блиски пријатели не биле целосно свесни за сериозноста на ситуацијата. Додека јавноста сè уште чека официјално соопштение за причината за смртта, американските медиуми веќе започнаа со шпекулации за тоа кој ќе го наследи нејзиното богатство.

Кариера и инвестиции

Дајан Китон ја изгради својата слава преку улоги во култни филмови како што се „Кум“, „Ени Хол“, „Црвени“, и „Таткото на невестата“, а нејзиниот влог во инвестициите, особено во луксузни недвижности, значително го зголеми нејзиниот имот.

Беше позната и по страста кон архитектурата и реставрацијата на домови. Некои од нејзините најзабележителни вложувања беа имотот во Лагуна Бич за 7,5 милиони долари кој го купи во 2004 година, а го продаде во 2006 за 12,75 милиони. Во 2012, купи куќа во Пацифик Палисејдс за 5,6 милиони, а ја продаде во 2016 за 6,9 милиони. Во 2018, инвестираше во имот во Тусон, Аризона, купен за 1,5 милиони, продаден во 2020 за 2,6 милиони.

Нејзината последна голема инвестиција беше куќата од соништата во Брентвуд, Лос Анџелес, која дури и беше тема на нејзина книга. Ја стави на продажба во март оваа година, што ги изненади фановите, бидејќи претходно изјави дека планира да живее таму до крајот на животот.

„Конечно нешто кликна — едноставно ја сакам оваа куќа“, изјави Китон пред осум години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Spotlight (@thespotlight)

Кој ќе го наследи нејзиното богатство?

Бидејќи никогаш не се омажи и стана мајка во своите педесетти години откако ги посвои ќерката Декстер и синот Џук, се претпоставува дека најголемиот дел од богатството ќе им припадне токму на нејзините деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот