Фото: Комити грмат на трибини, Вардар доминира на теренот против Кадино

Скопските „црвено-црни“ се вратија од негатива против ФК Пелистер/фото: фејсбук/ФК Вардар

Фудбалерите на Вардар по двата натпревари во кои забележаа пораз и реми, денеска славеа на гости против Кадино со 3:0 и најави подобри денови и замешување во битката за врвот на табелата во втората лига.

Носени од верните навивачи,  Комитите, фудбалерите на Вардар со одлична игра го совладаа Кадино. „Црвено-црните“ поведоа со голот на Костовски во 51 минута, а истиот фудбалер во 75 минута зголеми на 0:2. Конечниот резултат го постави Љамчевски во последната минута од натпреварот.

Ова воедно беше прва победа за новиот тренер, Никола Глигоров, а со трите бода, вардарци се искачија на петтото место во втората лига Запад со осум бода, додека лидер е Силекс со 18 бода, а денеска ја растури Велешта со 6:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот