ФОТО | Кој e Петар Бенчина, докторот од „Тома“: Неговата сопруга ја глуми Силвана Арменулиќ во филмот

Петар Бенчина/Instagram
Петар Бенчина/Instagram

Филмот Тома не само што ја разбранува балканската јавност, туку и ја подели на оние што го гледале филмот, оние што не го гледале, а планираат и такви што не го гледале и немаат намера да го гледаат.

Сепак, во него освен ликот на Тома, не помалку битен е ликот на докторот Алекса Хаџипоповиќ, за кој публиката воздивнуваше а човекот рака на срце е како Пол Њумен во младите години. Актерот Петар Бенчина одлично ја донесе улогата на ладен, строг, но емотивен доктор кој рака под рака со Тома ги поминува последните денови од турнејата низ поранешна Југославија.

Кој е Петар Бенчина?

Петар Бенчина е роден во Белград, 1984, а дипломирал глума во 2008 година на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на професорот Драган Петровиќ Пеле. Член е на Белградскиот драмски театар и добитник на бројни награди. Освен со глума, се занимава и со синхронизација на анимирани и играни филмови. Во филмот „Тома“ тој игра една од главните улоги, на докторот Алекса Хаџипоповиќ, а интересно е што неговата сопруга во приватен живот, актерката Тамара Драгичевиќ, игра во филмот во улога на пејачката Силвана Арменулиќ.

Петар Бенчина/Facebook
Петар Бенчина/Facebook

Додека неговата сопруга била прв избор за улогата на Силвана Арменулиќ, Петар морал да се бори за својата улога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Benčina (@petarbencina)

Кога почнувал изборот за улога на докторот, режисерот имал двоумење околу изборот на актер. На кастингот во потесниот круг бил и актерот Милош Тимотијевиќ, кој бил првичниот фаворит. Но, подоцна Драган Бјелогрлиќ одлучува дека докторот ќе биде Петар Бенчина, кој според него поседува „посебна маркантност, став и убедливост“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Benčina (@petarbencina)

Публиката го награди со многу позитивни коментари, а по мислењето на критичарите, оваа улога му отвора врати кон блескава кариера. За искуството во филмот, во интервју за „Кurir“ изјави:

„Најубаво и најсилно е кога луѓето се поистоветуваат со она што го правите. Има некоја тајна врска помеѓу вас, улогата и луѓето кои на некој начин го проживеале сето тоа гледајќи го филмот. Минатата година беше навистина интензивна за мене, се случија многу сјајни нешта“

Од 2016 е во брак со Тамара Драгичевиќ со која има две деца, Сташа и Лазар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Benčina (@petarbencina)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Benčina (@petarbencina)

Докторот од „Тома“ ги расплака сите! Сопругата на Тома Здравковиќ ја откри вистината за лекарот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот