ФОТО | Кој е Џек Дорси? Бил манекен и масер, пости за викенди, по Твитер сака да стане крал на биткоинот

Фото: Профимедиа/Инстаграм/Твитер

Со оглед на тоа дека во последните години често зборуваше за добрите страни на Биткоинот, се шпекулира дека поранешниот извршен директор на социјалната мрежа Твитер Џек Дорси (45) сега ќе се посвети на криптовалутите, пишува „Дејли мејл“.

Дорси сè уште е на чело на компанијата за финансиски услуги и дигитални плаќања „Сквер“, компанија што ја основа во 2009 година со милијардерот Џим МекКелви.

„Сквер“ е сопственик на успешниот сервис за мобилно плаќање Cash App и продава свои дигитални решенија за управување со финансиско управување, а оваа година во април за 300 милиони долари го купи музичкиот стриминг сервис. Се проценува дека пазарната вредност на „Сквер“ во моментов е поголема од 100 милијарди долари.

Дорси во јули рекол дека „Сквер“ ќе покрене нов проект базиран на Биткоинот, а чија цел е да овозможи „лесно создавање на децентрализирани финансиски услуги“. „Сквер“ во февруари откри дека Биткоинот сочинува пет отсто од неговото инвестициско портфолио.

Проектот ќе се вика tbDEX, а би требало на луѓето да им овозможи на луѓето да конвертираат фидуцијарни пари во Биткоин без користење на повеќе други платформи.

Дорси на собирот на симпатизери на Биткоин оваа година рекол дека се надева дека криптовалутата ќе помогне да се постигне „мир во светот“.

Поранешниот директор на Твитер и сегашен директор на „Сквер“, чие приватно богатство се проценува на близу 12 милијарди долари, е роден во американскиот град Сент Луис во сојузната држава Мисури. Неговиот татко работел како трговец со научни инструменти, а неговата мајка била домаќинка.

Како млад, Дорси се занимавал со манекенство, поконкретно моделирал винтиџ облека, а пред да замине на Универзитетот во Мисури-Рола создал програма за управување со такси. На почетокот на 2000-ти години, заминал во Калифорнија за да започне посериозно да се занимава со програмирањето. Не сакајќи да се ограничи на само една кариера, Дорси добил лиценца да биде масер во 2002 година.

Твитер го основал на 21 март 2006 година со Ноа Глас, Биз Стоун и Иван Вилијамс.

 


Дури и кога Твитер станал негова единствена работа, Дорси не се откажал од своите хобиа. Сакал моден дизајн и цртање, а се занимавал и со јога.

Дорси во 2013 година наводно му рекол на својот деловен партнер Ноа Глас дека ќе ја напушти технолошката индустрија и дека ќе стане моден дизајнер. Дорси од работа заминувал во 18 часот за да посетува часови по моден дизајн во уметничкото училиште во Сан Франциско.

Во книгата на Ник Билтон „Осмислување на Твитер: Вистинска приказна за парите, моќта, пријателството и предавството“ се наведува дека ко-основачот на Твитер Вилијамс еднаш му рекол: „Или ќе дизајнираш фустани или ќе бидеш главен извршен директор на Твитер. Не можеш да ги работиш двете.“

Дорси го водел Твитер во два наврати – од неговото основање до 2008 година и од 2015 година до крајот на ноември 2021 година.

Фото: Твитер

Дорси во 2019 година открил дека со стресот се справува со помош на строг режим на исхрана и вежбање.
Во текот на еден ден само вечера и го ограничува времето за внесување калории помеѓу 18.30 и 21.00 часот. Тоа го држи буден во текот на денот. А, за викендите воопшто не јаде. Дорси не консумира храна помеѓу петок навечер и недела навечер. Постот го прекинува со чорба од коски.

Тврди дека се тушира ​​исклучиво со ладна вода и дека на работа оди пешки за да си ја подобри концентрацијата. Дорси рекол дека поради сето ова деновите му изгледаат подолги, а додал дека ноќе доволно спие.

Еден од рутиалите на Дорси е – постојано се загрева во сауна и се лади во ледена бања околу еден час.

Дорси бил веган две години, но се префрлил на палео диета откако неговата мајка му рекла дека поради прекумерната количина на бета-каротен станал портокалов.

Поранешниот директор на Твитер рекол дека медитира два пати на ден и дека води дневник.

Меѓутоа, неговиот живот не е баш спартански. Како и некои други милијардери, и тој поседува неверојатна куќа, излегува со манекенки и вози брзи автомобили. Се дружи со Џеј Зи и Бијонсе и ужива на јахтата.

Фото: Профимедиа

Дорси не е оженет и нема деца. Досега го поврзуваа со манекенките Равен Лин Корнеил (26) и Флора Картер (23).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот