ФОТО: Коавторката на „АстраЗенека“, Сара Гилберт е инспирација за „Барби“ кукла

сара гилберт барби астразенека
ФОТО: Принтскрин/Youtube

Изминатава година Сара Гилберт која е коавторка на вакцината „АстраЗенека“ беше препозната за своето дело. Таа стана дама, доби емоционална овација на Вимблдон и сега е направена барбика со нејзниот лик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LATITUD 25 (@enlatitud25)

Гилберт, која го предводеше развојот на вакцината на Оксфордскиот универзитет, рекла дека првично гестот ѝ бил „многу чуден“, но се надева дека ќе куклата ќе ги инспирира младите девојки да се насочат во науката, технологијата, инженерството и математиката.

„Со голема страст сакам да ја инспирирам следната генерација девојки да се насочат кон кариери во природните науки и се надевам дека децата што ќе ја видат мојата „Барби“ ќе сфатат колку се важни за доброто на светот кариерите во науката. Мојата желба е куклата да им покаже можности за кариера на децата за кои можеби не се свесни, како експерт за вакцини“.

Компанијата за играчки има создадено кукли во чест на пет други жени кои работат во наука низ целиот свет. Таа е често критикувана за нереалните стандарди за убавина, но постепено, со новите политички струи во светот, „Mattel“ се прилагодува на своите конзумери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LeGazete (@le_gazete)

Избор: „The Guardian“ 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот