ФОТО | Ќерката на Тајсон Фјури се омажи на 16 години, на свадбата носеше „крокс“
Венецуела Фјури, 16-годишната ќерка на славниот боксер Тајсон Фјури, стапи во брак со својот партнер Ноа Прајс на раскошна церемонија одржана на Островот Ман.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Свадбата се одржала во Кралската капела „Свети Јован Крстител“, а Венецуела пристигнала со половина час задоцнување во придружба на своите родители Тајсон и Парис Фјури.
Младата невеста носела впечатлива бела чипкана венчаница со долг шлеп, но наместо високи потпетици, избрала бели „крокс“ папучи, нешто што претходно и самата го најавила. Изгледот го надополнила со големи очила за сонце.

На свадбата имало 18 деверуши, меѓу кои и Бамби Фјури – ќерката на Томи Фјури и Моли-Меј Хејг, како и помалите сестри на Венецуела – Валенсија и Атена.
Целиот настан бил сниман за реалното шоу „Дома со семејството Фјури“ (At Home with the Furys) на Нетфликс.
Венецуела и Ноа ја чуваа врската далеку од јавноста сè до 2025 година, а се свршија за време на прославата на нејзиниот 16. роденден. Нивната врска предизвика бројни реакции поради возраста на невестата, но семејството Фјури јавно ја поддржа одлуката за брак.
„Таа повеќе не е Фјури“, изјавил емотивниот Тајсон по свадбата.


