ФОТО | Ќерката на Сузана Турунџиева наполни 22 години: Моја прва љубов, среќна да си ми!
Нашата поп пејачка Сузана Турунџиева редовно споделува фотографии од својот живот и настаните на својот инстаграм-профил, особено дружбите со пријатели, со нејзината омилена Атиџе, но и со нејзиното семејство кое го сочинуваат двете ќеркички, Лора и Матеа.
Препорачано
Така и вчера, таа сподели весела фотографија со честитки за прославата на својата „прва љубов“ , постарата ќерка Лора, која наполни 22 години. На фотографијата сите се „на купче“ насмеани.
View this post on Instagram
„Во годината со многу двојки, мојата прва љубов Лора го слави 22от роденден. Да ти се множат среќни и исполнети со многу љубов, мила моја ќерко“ – напиша Сузана во објавата со емотикони од торта и срциња.
Причини за прослава ќе има уште – имено, и внучето на Сузана, синот на Лора, малечкиот Јаков наскоро ќе наполни 3 години.
Сузана отворено зборуваше за радоста кога дозна дека ќерката Лора ќе стане мајка, венчавката која им беше прекрасен чин во семејството и дека многу убаво се сложуваат со зетот Филип.
View this post on Instagram
Нека е жива и здрава Лора и среќен нека ѝ е роденденот!


