ФОТО | Ќерката на Клаудија Шифер ги покажа бујните гради: Некои се воодушевени, а други велат „вулгарна си“
Клементин Вон, ќерка на еден од најпознатите светски топ модели од 90-тите Клаудија Шифер, привлече огромно внимание на Инстаграм. Многумина велат дека таа е вистинската наследничка на нејзината мајка и дека ја краси природна убавина…
Препорачано
Клаудија Шифер секогаш ја сметале за кралица на софистицираноста. Таа маѓепса многумина со својата убавина кога се појави во 90-тите. Специфичните црти на лицето, нежните движења на телото, ледено сините очи и совршеното тело ја направија омилено лице на модните брендови, како и муза на познатите дизајнери.
Се чини дека својот специфичен шарм го пренела и на својата миленичка, Клементин Вон, за која многумина денес пишуваат дека личи на неа. Овие зборови беа потврдени со последната објава на Клементина на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Како што можете да видите, ќерката на Клаудија објави серија фотографии со своите пријателки, а привлече внимание со својот изглед.
Клементин носела тесен корсет што ја истакнува нејзината завидна фигура и раскошни гради, а корисниците на интернет забележале, покрај нејзините бујни атрибути, и неверојатна сличност со познатата Клаудија.
„Убава“, „Совршена“, „Нереална си“, „Икона, иста како мајка ти“, се само неколку од мноштвото коментари.
View this post on Instagram
Неприкосновена што се однесува за убавина, славниот топ модел сепак, поради потребите на професијата, се фотографираше и снимаше разголена, што нејзината ќерка сега го промовира. Некои нејзини следбеници коментираа дека Клементин со објавите на кои ги истакнува своите бујни гради изгледа вулгарно.
View this post on Instagram
Кладуија Шифер позираше гола во кампањи, реклами и на насловни страници. Многупати со голи гради прошета на пистите на престижни модни ревии, но никогаш не изгледаше вулгарно, коментирале некои.
View this post on Instagram


