ФОТО | Ќе го фрлела во отпадок: Пензионерка расчистувајќи по дома пронашла дијамант вреден 2,7 милиони долари

Додека ги средувала старите работи во домот, Британка случајно пронашла дијамант вреден 2,7 милиони долари.
Жителката на округот Нортамберленд (на североистокот на Англија) го чистела својот дом кога пронашла блескав тркалезен камен со големина на монета од фунта. Помислила дека се работи за некоја бижутерија и за малку ќе го фрлела.
Меѓутоа, по совет на соседот, жената која сакала да остане анонимка, одлучила да го однесе во златарницата заедно со други работи што се насобрале по години и години.

– Жената дојде кај нас со торба накит, имала некоја работа во градот и одлучила да наврати попатно. Беше мошне голем камен, поголем од монета од фунта – рекол Марк Лејн, вработен во аукциската куќа „Фетонби“.
„Првично мислев дека е кубен циркон, двоен синтетички дијамант. Го испративме до нашите партнери во Лондон, по што експертите потврдија дека станува збор за дијамант од 34 карати“, додал Лејн.
Мерењето во карати е поврзано со тежината на каменот – потешките дијаманти имаат поголема вредност.
Аукционерот Марк Лејн вели дека бил шокиран од проценката на накитот. Според неговите зборови, ова е најскапиот дијамант што го држел во рацете.
– Боја, чистота, големина… пронаоѓањето дијамант од 34 карати е нешто навистина необично – додал тој.
Сопственичката на дијамантот не се сеќава од каде ѝ е. Често одела на пазари и купувала разни работи, накит… Никогаш не помислила дека тоа можело да биде дијамант.
Скапоцениот камен ќе се најде на аукција на 30 ноември во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот