ФОТО | Ким Кардашијан откри како изгледала роденденската забава на нејзината сестра Кендал Џенер
Ким Кардашијан сподели објава на социјалните мрежи по повод 30-тиот роденден на нејзината помлада сестра, супермоделот Кендал Џенер.
Препорачано
Роденденот на Кендал, бил во понеделник, 3 ноември, а Ким откри дел од атмосферата од раскошната прослава на егзотична плажа. Но, се чини дека тоа бил ден на двојна прослава за неа, бидејќи се совпаднал со важен момент во нејзината кариера.
View this post on Instagram
Во емотивен опис, Ким ѝ напиша на својата сестра: „Нека оваа деценија ти донесе љубов и радост каква што толку слободно им ја даваш на сите други. Те сакам повеќе отколку што некогаш ќе разбереш! За твоите 30 години, Кени.“ Ким за пригодата избра кафеав фустан без прерамки, кој ја истакнуваше нејзината препознатлива фигура.
Оваа семејна прослава доаѓа на особено важен ден за Ким. Имено, нејзината нова правна драма „All’s Fair“ премиерно се прикажа на стриминг сервисите Hulu и Disney+ на 4 ноември , во која Ким ја игра главната улога на Алур Грант, моќна адвокатка за разводи. Се чини дека Ким имала двојна причина за славење – големиот ден на нејзината сестра и сопствениот актерски пробив. Додека гради нова кариера, таа не ја занемарува својата бизнис империја „Скимс“, а покрај сето тоа, таа сè уште вредно учи за правосудниот испит, и покрај нејзиното неодамнешно признание дека користењето на Четџипити ѝ направило повеќе штета отколку корист на пробните тестови.


