ФОТО: Кијану Ривс драстично го смени изгледот: Повторно е оној „стариот фраер“!

Profimedia
Фото: Profimedia

Долгата коса по која тој стана препознатлив со текот на годините отиде во заборав, како и неговата брада бидејќи Кијану Ривс реши да го смени имиџот.

Неговата долга коса до рамена повеќе ја нема, а актерот сега има кратка „војничка“ фризура.

Фото: Профимедиа

Тој беше принуден да ја скрати косата, но и да ја избричи брадата, за потребите на снимањето на филмот Матрикс 4. Откако се појавија фотографиите на Интернет, обожавателите не престануваат да му даваат комплименти на славниот актер и да коментираат дека тој сега е „оној стар фраер“ и дека со новата фризура изгледа подмладено.

Кијану со неговата партнерка Александра Грант / Фото: Профимедиа

Кијану беше забележан со новата фризура пред хотел во Берлин, каде веќе неколку месеци се снима четвртото продолжение на култниот филм, а во хотелот го донесе неговата девојка Александра Грант, откако заедно го поминаа викендот.

Дали ви се допаѓа новиот имиџ на Кијану Ривс?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот