ФОТО: Камион се преврте меѓу кабините на патарината на автопатот Миладиновци – Штип

Урната патарина на автопатот Миладиновци - Штип/Фото: Сител ТВ

Утрово на автопатот Миладиновци – Штип камион кој превезувал брашно влетал во кабината за наплата на новата патарина пред Штип, објави Сител.

Според фотографиите од социјалните мрежи камионот удрил и  се превртел меѓу два наплатни пунктови.

Превртен камион на наплатаната рампа кај Кадрифаково/Фото: Социјални мрежи

За среќа возачот не е повреден во оваа сообраќајка на наплатната рампа кај Кадрифаково, соопштија од СВР Штип.

Превртен камион на наплатаната рампа кај Кадрифаково/Фото: Социјални мрежи

Екипа на СВР – Штип ќе изврши увид, возачот не е повреден, а е причинета материјална штета, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.

Патарините кај Кадрифаково и  Преод во Општина Свети Николе, се во изградба, а  според најавите на директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми требаше да бидат готови до крајот на март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот