ФОТО | Калиопи за Есма: „Нејзината големина е незаменлива, срамно е што не е испочитувана“

Есма и Калиопи/ Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Во емисија посветена на кралицата на ромската музика Есма Реџепова по повод петгодишнината од нејзината смрт, отворено и без суета за неа зборуваше нашата поп пејачка Калиопи

Есма Реџепова, или кралицата на ромската музика и песна, почина во 2016 пред пет години и ја остави својата куќа на државата, како своевиден Музеј на хуманоста. Пејачката во својата вила одгледа повеќе од 40 деца со сопругот Стево Теодосиевски и нејзината желба беше тој дом да биде дом на солидарноста. Но, она што не го знаеше јавноста, а и самата Калиопи, е дека оваа куќа поради семејните односи, е оставена на забот на времето и наводно веќе не е ни можно да се домува во неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Калиопи со најголема љубов и силни емоции ја раскажуваше својата релација со оваа пејачка , потсетувајќи се на најважните мигови од животот и нивната соработка на песната „Бел ден“, пренесуваат од „Бекстејџ“.

Во отвореното интервју, таа изјави:

„Кога ја сретнав кралицата на македонската и ромската песна, за мене таа беше синоним на светски уметник, возбуда. Си ја нарекував „ромското бајадерче“, затоа што таа беше навистина секогаш расположена, со насмевка“.

Таа не знаеше за ситуацијата со куќата и изненадено изјави дека е потресена и дека тоа што се случува со куќата на Есма и целосното нејзино творештво, е само огледало на она што сме ние, и нашата немарност. Дополнително кажа дека таа со сигурност не го заслужила овој третман, туку напротив многу многу повеќе од сите нас…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот