ФОТО | Каков луксуз! Синот на Лепа Брена лета со прва класа, пие шампањ, се гоштева…

Фото: Принтскрин /Инстаграм

Виктор, помладиот син на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ не крие дека ужива во луксузен животен стил, па тоа го покажа со неодамнешното патување!

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Виктор, всушност, отпатува во Мајами, а на својот инстаграм-профил покажа дека патува со стил.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Како што пишуваат српските медиуми, Виктор сподели неколку фотографии од приватен авион, каде очигледно е опкружен со луксуз – златна кабина само за него, поглед кој остава без здив, а тука е и телевизор за да може да се опушти.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Како што е познато, во таквите кабини во прва класа седиштето може да се спушти и да се направи да биде како кревет, што е идеално за толку долги патувања, па нема сомнеж дека Виктор уживал во сите предности што му ги пружа летот.

Тој се почестил со шампањ, а имаше и разни деликатеси – печива, неколку видови сирење, овошје.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Не е познато дали Виктор е сам во Мајами или можеби со поубавата половина, а нема сомнеж дека своето ново патување ќе го сними и ќе покаже некои детали за јавноста на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Лепа Брена почна со роденденската прослава: Пејачката го покажа првиот подарок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот