ФОТО | Kако во Дизниленд: Кортни Кардашијан направи „забава за дарување“ за своето неродено дете

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Рeалити ѕвездата Кортни Кардашијан (44) и нејзиниот сопруг, тапанарот Тревис Баркер (47) организираа „забава за дарување“ (baby shower), за нивното неродено дете. Тие беа во друштво на семејството и пријателите и дадоа сè од себе забавата да биде незаборавна, пишува „Пејџ сикс“.

Темата на оваа забава беше „Дизни“, а сè беше декорирано со мотиви од познатите цртани филмови.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Преку фотографии на својот инстаграм-профил, бремената Корни покажа како го поминуваат својот „специјален ден“, славејќи го „бебето Баркер“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

На фотографиите може да се забележат палачинки во облик на Мики Маус, забавен квартет и други најразлични декорации како во Дизниленд, од шарени знамиња и балони до зелениот сок од „Алиса во земјата на чудата“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Тревис присуствуваше на забавата, иако пред неколку дена објави дека боледува од корона вирусот. Сепак, тој се тргна настрана од останатите гости за да не ги зарази. Моменти од забавата споделија и нејзините пријатели кои покажаа како Кортни ја подготвила забавата.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Кортни на забавата носеше тесен комплет со принт на змиска кожа и ушите на Мики Маус, гордо покажувајќи го трудничкиот стомак.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, како што пишува „Пејџ сикс“, Кортни пред неколку дена изнајмила куќа во Малибу за „забавата за дарување“, но градоначалникот ја обвини дека ја изнајмила за забава на инфлуенсери.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Да потсетиме, Кортни откри дека е бремена во јуни за време на концертот на Баркер со „Блинк-182“. Тааму ја соопшти веста на својот сопруг со транспарент на кој пишуваше „Тревис, јас сум бремена“.

Кортни Кардашијан доби критики од јавноста поради видеото на кое се шминка нејзината 10-годишна ќерка

ФОТО | Со црни декорации: Кортни Кардашијан и Тревис Баркер го открија полот на бебето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот