ФОТО | Со црни декорации: Кортни Кардашијан и Тревис Баркер го открија полот на бебето
Старлетата Кортни Кардашијан и рокерот Тревис Баркер го очекуваат нивното прво заедничко дете, а викендов направија забава на која го открија полот на бебето.
Препорачано
Познатата двојка сподели дека наскоро ќе станат родители на момче.
Според фотографиите и снимките, објавени на социјалните медиуми, на забавата доминирале црни декорации, невообичаени за ваков тип забави. И тортата, исто така, била дел од истата тема – бела, со мали црни срца.


Но, она што најмногу го привлече вниманието беше видеото на кое Кардашијан седи во скутот на Баркер, додека тој свири на тапани. На крајот, на небото се појавија сини конфети.
Како потсетување, Кортни Кардашијан неодамна откри дека е бремена, за време на концерт на нејзиниот партнер. Таа се појави во публиката со транспарент, на кој беше напишано: „Тревис, јас сум бремена“.

Познатата двојка подолго време имаше желба да добие дете, а се обидуваа и со ин витро оплодување.
Кардашијан има три деца со претходниот партнер Скот Дисик, а Баркер има две деца со поранешната сопруга Шана Моаклер.


