ФОТО | Jосипа Лисац отворено за својата најголема љубов: „Бев луда по неговите песни, а првпат го сретнав во Скопје“

Јосипа Лисац/Instagram
Јосипа Лисац/Instagram

Познатата хрватска пејачка Јосипа Лисац на својот Инстаграм профил сподели интересна сторија околу првата средба со нејзиниот љубен, Карло Метикош кој исто така беше музичар. 

На својата објава на инстаграм, Јосипа емотивно ја раскажува нивната прва средба и колку била „полудена од љубов“.

„Го запознав кога имав 14 години, тогаш ја купив неговата прва сингл плоча. На омотот на синглот беше тој, шармантен, врвно дотеран, со бордо маица врз која носеше трегери. Бев луда за неговите песни и за него, дури и на една моја другарка ѝ покажував еден стан во Рибњак, убедена дека тој живее таму.“

Интересен факт во приказната на Јосипа е тоа дека првпат се сретнале во живо на заеднички настап во 1970 година во Скопје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josipa Lisac (@josipa_lisac)

„Му пријдов додека свиреше на клавир и му реков дека свири одлично, но тој не ме ни забележа“.

Подоцна кога организаторите ги одвеле на вечера, седеле заедно со многу глумци, пејачи, политичари, и тој и понатаму не ја забележувал. Следниот пат кога се сретнале во Петриње, се случилa „љубов на прв поглед“. Тогаш Карло бил во врска со Етиопјанката Габриела.

„Дури по многу време ми призна дека го памети фустанот што го носев во Скопје, што сум му рекла, со каков глас, каде сум седела на вечерата. Тој всушност многу добро запаметил која сум“ – напиша хрватската дива.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josipa Lisac (@josipa_lisac)

Карло Метикош е автор на сите нејзините песни од првиот студиски албум, „Дневник на една љубов“ од 1973 година, а заедно соработувале на 13 албуми, од кои произлегоа хитовите како „Магла“, „Лисица“ „Денес сум луда“. Почина во 1991 година, а во негова чест, Јосипа секоја година приредува концерти.

Поради лошата изведба на хрватската химна, Јосипа Лисац заработи прекршочна пријава

Јосипа Лисац: Не сум воспитувана со комплименти, не дозволував комплиментите да влијаат на мене и да се хранам со тоа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот