ФОТО | Јелена Јованова со новогодишната честитка ги стопли срцата: Синот Јаков ужива во украсената елка

Фото: Инстаграм

Сопружниците Јелена Јованова и Стјепан Периќ пред повеќе од пет години ги разменија брачните завети, а станаа и родители на синот Јаков.

Минатиот јуни засекогаш ќе остане впишан со златни букви во историјата на семејството на македонската актерка Јелена Јованова и хрватскиот актер Стјепан Периќ, бидејќи тогаш се роди нивниот син Јаков. Колку им го разубави и облагороди животот, не крие оваа актерска двојка, која се вљуби на крајот на 2013 година на снимањето на серијата „Тајни“, а во брак стапија во 2015 година.

Убавата актерка, која во моментот повторно ја гледаме во улогата на Јелена од Драчево во серијата „Преспав“,  во пресрет на новогодишните и божиќните празници, на својот инстаграм-стори објави дел од семејниот празничен амбиент – елка накитена со украси и лампиони. Она што најмногу ги воодушеви нејзините обожаватели е нејзиниот син Јаков кој стои пред елката.

Јелена Јованова/Фото: Инстаграм

Јелена им посака на своите следбеници среќни празници и да му се радуваат на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот