ФОТО | Јелена Ѓоковиќ конечно откри каков ѝ е односот со свекрвата

Јелена и Дијана Ѓоковиќ
Јелена и Дијана Ѓоковиќ / Фото: EPA

Долго време се полемизира за односот на Јелена и Дијана Ѓоковиќ, сопругата и мајката на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Генерално, тие имаат почит една за друга, но јавна тајна е дека Дијана неретко има забелешки за Јелена во однос на тоа како како таа ги воспитува децата, но и за начинот на исхрана кој го практикуваат Новак и Јелена, пишува „Wanted“.

„За жал, тие ретко доаѓаат на гости. Тие создадоа свое семејство и своја оаза. Јелена прави одредени работи на свој начин. Доаѓа до одредени несогласувања, особено кога е во прашање исхраната, која јас не ја поддржувам“, изјави Дијана во една прилика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

„Секогаш кога имаат време, се обидуваме да се видиме, да одиме на езеро, да шетаме. Доаѓаат кај нас дома, за да можат внуците да ја почувствуваат топлината на домот на баба и дедо. Тие ги сакаат моите познати палачинки и секогаш ми велат: ‘Бабо, направи ни палачинки’. Потоа следува прашањето: ‘Кои ги сакате? Безглутенските или нормалните?’, а Стефан ми одговора: ‘Бабо, нормалните, батали ги тие безглутенските’“, сподели Дијана, смеејќи се, за време на нејзиното гостување во емисијата „Додека ангелите спијат“.

Јелена и Дијана речиси секогаш се избегнуваат за време на тенисерските натпревари на Новак, односно никогаш не седат заедно на трибините, каде редовно навиваат за него.

Но, се чини дека нештата се промениле во последно време. Сега откако српскиот тенисер го освои неговиот 10. трофеј на Отвореното тениско првенство на Австралија, снаата и свекрвата конечно ги „закопале секирите“.

Доказ за тоа е една од последните стории на Јелена на социјалната мрежа Инстаграм, каде таа сподели емотивна фотографија на која Дијана го гушка Новак по победата на финалниот натпревар на тениското првенство.


Јелена кратко напиша „Мајка“. И навистина е така – една е мајка.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Повеќе на темата:

Најголем фан: Јелена Ѓоковиќ се качи на сцена и пееше со Жељко Самарџиќ

Мокасините на Јелена Ѓоковиќ чинат 1000 долари: Совршено стилизирана за „Вимблдон“

Омилениот десерт на Јелена и Новак Ѓоковиќ: Бомбици готови за 10 минути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот