ФОТО: Ја оставил поради помлади и поубави: Марина Туцаковиќ страдала по овој славен пејач

Instagram
Марина Туцаковиќ / Фото: Принтскрин / Instagram

Tекстописецот Марина Туцаковиќ, во седумдесеттите години од минатиот век, била во љубовна врска со пејачот Оливер Мандиќ, кој во тоа време беил на почетокот на музичката кариера.

Иако во јавноста речиси воопшто не се зборувало за оваа романса, двајцата биле во љубов четири години, а Оливер во една прилика потврдил дека Марина страдала по него.

– Марина и јас бевме во врска четири години. Во текот на нашата врска, таа ми напиша „Лулај ме нежно“. Откако ја објавив таа песна, раскинавме. Ја оставив поради помлади и поубави девојки. Тогаш започна лудилото во мојот живот, а таа веројатно страдала. Нашата соработка продолжи и по раскинувањето. Благодарност до неа што ми напиша прекрасни текстови и отпосле, на моите албуми – изјавил Мандиќ за белградските медиуми пред неколку години.

„По раскинувањето, останавме во добри односи. Таа е двојна Скорпија, најмногу ги сака парите.“

Oliver Mandić

Иако тврди дека никогаш не ја криеле својата љубов, Марина вели дека не се сеќава на сите детали од романсата со Мандиќ.

– Тоа беше толку одамна. Не се ни сеќавам повеќе. Оливер беше многу симпатично момче, секогаш дотеран и сосема поинаков. Носеше кошули и панталони. Ние не се криевме, но во тоа време никој не го интересираше нашата врска – раскажала тогаш Туцаковиќ.

Марина и Оливер се на иста возраст, тие се родени во 1953 година, а во периодот кога биле во врска имале по 20 години. Пред неколку години новинарите ја прашале Марина за тоа каков љубовник бил пејачот, која денес не сака да дава интервјуа и да се појавува во јавноста, таа прво одговорила:

– Не сакам да зборувам за интимните односи. Не ме прашувајте тоа – а потоа кратко додала: „Беше добар“.

Марина открила и дека таа е главниот „виновник“ за тоа што Оливер стана пејач.

Денес, Марина и Оливер се во добри, пријателски односи, а Туцаковиќ е долги години во среќен брак со сопругот Александар Фута Радуловиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот