ФОТО | Ја обвинуваа дека користи „оземпик“: Лизо шокираше со новиот изглед, пејачката драстично ослабела
Пејачката Лизо (36) со месеци на социјалните мрежи објавува видеа и фотографии од теретана, а нејзините обожаватели забележаа дека таа драстично ослабела. Деновиве повторно изненади со фотографии каде позира во автомобил заедно со својата мајка.
Препорачано
Лизо за оваа прилика се одлучила за бела комбинација, а како и нејзината мајка си ја сплетила косата. И додека некои од нејзините следбеници коментираа колку личат таа и нејзината мајка, други забележаа дека Лизо изгледа значително послабо.
View this post on Instagram
„Убава си, навистина работиш напорно за ова“; „Првата работа што покажува дека си ослабела е твоето лице, можеш да го видиш!“; „Колку килограми изгуби?“; „Тренинг и урамнотежена исхрана, токму на тој начин се слабее!“, биле дел од коментарите.
Но, имаше и такви кои им дадоа заслуги на лековите за слабеење, а пејачката веќе извесно време ја обвинуваа дека консумирала и Оземпик. Ова е причината зошто самата Лизо се огласи пред неколку месеци.
„Кога конечно ќе ве обвинат дека користите Оземпик по 5 месеци вежбање со тегови и калориски дефицит. Тоа доаѓа како награда“, изјави тогаш преку социјалните мрежи.


