ФОТО: Изел два хот-догa и оставил бакшиш од 16.000 долари

Бакшиш илустрација

Муштерија во ресторан за брза храна во американската сојузна држава Њу Хемпшир оставил дарежлив бакшиш од 16.000 долари за два хот-дога со помфрит, објавија американските медиуми.

Човекот седнал во градината на ресторанот, нарачал два хот дога. Испил и кока-кола, пиво и текила, што сѐ заедно го чинело 37 долари. Покрај платената сметка следувал и бакшиш од 16.000 долари.

„Немој сѐ да потрошиш одеднаш“, се пошегувал тој со келнерката, која според зборовите на нејзиниот шеф Мајк Зарела и сопственик на ресторанот во Лононбери, на почетокот не ни погледнала во сметката.

Кога конечно виде дека на сметката е испишан бакшиш од 16.000 долари, беше шокирана. Потоа отиде кај колешките, кои сите заедно се вратија и се заблагодарија. Беа пресреќни – изјавил Зарела за Си-ен-ен.

Бакшишот бил даден на 12 јуни, но Зарела не сакал да ја сподели оваа приказна со луѓето сѐ до 21 јуни, бидејќи чекал да види дали сметката ќе помине.

Majk Zarela sa 7 od 8 konobarica restorana

Фото: Facebook

Една недела откако го оставил бакшишот, муштеријата почнал редовно да доаѓа во ресторанот, па Зарела му пришол.

– Отидов кај него и му се заблагодарив. Го прашав дали е сигурен, бидејќи не е пријатно да се земе толку голем бакшиш. Ако по грешка ги оставил и ако ги побараше парите назад, ќе му ги вратевме, но тој рече дека сака вработените да ги добијат парите – рекол Зарела.

Келнерките одлучиле да ги поделат парите рамноправно со вработените од кујната. Зарела исто така не земал ништо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот