ФОТО | Ивана Петерс со емотивна порака: По инфарктот, повеќе не сум истата личност

Instagram
Instagram

Пејачката Ивана Питерс доживеа срцев удар сред снимање на емисија пред шест години. Иако стоечки го издржала, пејачката се присети низ што поминала и како успеала да го надмине сето тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana (@ivanapeters)

„Шест години од инфарктот. Пих! Колку бев слаба и силна во исто време. Никогаш повеќе иста.
Претпоставувам дека тоа така се одвива. И после тоа бев како модел некое време. Испраќам љубов за секој што беше со мене, моите и до сите пријатели кои беа навистина загрижени и ми испраќаа пораки“, напиша пејачката Ивана Питерс, која доживеа срцев удар пред шест години додека снимала емисија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana (@ivanapeters)

„Првите две фотографии се од снимањето на РТС, направени половина час пред непријатниот настан. Кројачи и дизајнери на костуми – мојата прва помош. Останаа непосредно по излегувањето од болницата“, напиша Ивана на својот инстаграм – профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana (@ivanapeters)

Пред неколку години, пејачката за медиумите изјави како се чувствувала кога сето тоа и се случило.

„Болката беше неописливо силна и мислев дека никогаш нема да престане. Се онесвестив во таа агонија и кога се освестив, следеше шок. Јас, млада жена која сè уште не наполнила 40 години и жесток поддржувач на веганската исхрана, претрпев срцев удар пред камерата, среде снимање на шоуто. Недостаток на здив и замор дури и при искачување на вториот кат, трчање по автобусот и легнување на креветот наутро не беа доволна причина да сфатам дека нешто не е во ред се додека не почувствував неопислива болка во градите додека траеше снимањето на шоуто, кое никогаш не запре. Среќа во несреќата беше што тогаш се онесвестив, бидејќи ако бев свесна, веројатно ќе ја игнорирав таа болка како и сите претходни тешкотии и ќе си одев дома. Тој ден во март, и покрај веганската диета и релативно младата возраст, доживеав срцев удар, а тој момент сега е предупредување за целиот мој живот“, напиша Питерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот