ФОТО | Историски момент: „Џејмс Веб“ ја сними првата фотографија од планета надвор од нашиот Сончевиот систем

Фото: Твитер/НАСА

За првпат, астрономите го искористија вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ на НАСА за да снимат директна слика на планета надвор од нашиот Сончевиот систем.

Станува збор за егзопланета која е гасен гигант, што значи дека нема цврста карпеста површина и не може да биде населена.

Фотографијата преку четири различни светлосни филтри, покажува како моќниот инфрацрвен зрак на „Веб“ лесно може да ги фати световите надвор од нашиот Сончевиот систем, покажувајќи дека идните набљудувања ќе откријат повеќе информации за егзопланетите од кога било досега.


„Овој момент е пресвртница, не само за ‘Џејмс Веб’, туку и за астрономијата воопшто“, рече Саша Хинкли, вонреден професор по физика и астрономија на Универзитетот Ексетер во Британија, кој ги водеше набљудувањата со голема меѓународна соработка. „Веб“ е меѓународна мисија предводена од НАСА во соработка со своите партнери, ЕСА (Европска вселенска агенција) и КСА (Канадска вселенска агенција).

Егзопланетата на фотографијата на „Веб“, наречена HIP 65426 b, има околу шест до 12 пати поголема маса од Јупитер. Таа е млада за една планета, стара помеѓу 15 и 20 милиони години, што е мошне малку во споредба со Земјата која е стара 4,5 милијарди години.


Астрономите ја открија планетата во 2017 година со помош на инструментот SPHERE на многу големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија во Чиле и ја снимија користејќи кратки инфрацрвени зраци. Погледот на „Веб“, на подолги инфрацрвени бранови должини, открива нови детали кои земјините телескопи не би можеле да ги откријат поради внатрешниот инфрацрвен сјај на атмосферата на Земјата.

ФОТО | Фасцинантен поглед на Јупитер преку телескопот „Џејмс Веб“

Фасцинантна глетка: Телескопот Џејмс Веб со нова детална слика од исклучително необична галаксија

Прва слика од вселенскиот телескоп „Веб“: Гледаме можности кои никој претходно не ги видел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот