ФОТО | Испишува историја: Меј Маск на 74 години гордо позираше во костими за капење

меј маск
Меј Маск / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Долгогодишниот модел и мајка на извршниот директор на „Tesla“ и „Space X“, Илон Маск – влезе во историјата со насловната страница на изданието за костими за капење на „Sports Illustrated“. На 74-годишна возраст, Меј Маск е најстарата жена што ја краси насловната страница на годишното издание на списанието – и има многу важна порака за жените ширум светот!

меј маск
Меј Маск / Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Да кажев некому дека ќе позирам во костим за капење за „Sports Illustrated“, луѓето ќе ме затвореа и ќе речеа дека сум луда, па затоа сум исклучително возбудена и среќна што донесов одлука да го направам тоа, бидејќи и постарите жени можат да носат костими за капење и да изгледаат добро. Мислам дека ова ќе го промени ставот на жените слободно да носат костими за капење“, откри Маск.

меј маск
Меј Маск / Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Кога жените одат на плажа, ние сме некако срамежливи за нашите тела, но мажите се шетаат наоколу, изгледаат ужасно и не им е грижа“, изјави таа. „Мислам дека не треба да се грижиме толку многу!“, додаде Меј.

Меј Маск започнала да се занимава со моделство на 15-годишна возраст додека живеела во Јужна Африка, а подоцна била и финалистка на натпреварот за убавина Мис Јужна Африка во 1969 година.

меј маск
Меј Маск / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Сепак, во последните години популарноста повторно вртоглаво ѝ порасна, откако позираше гола за магазинот „Time“ во 2011 година. Набргу потоа, таа стана најстарото заштитно лице на „Covergirl“ на свои 69 години, а исто така се појави и во музичкото видео на Бијонсе „Hunted“ на 65-годишна возраст.

Вистинска реткост е некоја жена на нејзина возраст да се реши на ваков потег. Меј позираше во едноделни костими за капење и откри дека нема намера наскоро да стави крај на манекенската кариера.

„Не мислев дека годините ќе бидат проблем бидејќи како диететичар и научник, возраста не е проблем“, изјави Маск. „Толку сум среќна што луѓето всушност сакаат да разговараме за возраста и како да се чувствувате добро за себеси на која било возраст. Исто така, многу сум горда што можам да им дадам порака на жените во светот да се стремат кон среќата, да прават работи што сакаат да ги прават, да се мешаат со убави луѓе, да бидат љубезни со сите затоа што никогаш не се знае каде ќе ве одвете патот. Навистина го живеам најдобриот живот досега и никогаш не го очекував тоа“.

меј маск
Меј Маск / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Како дел од нејзиниот најнов проект, ќерката на Маск, Тоска, напиша срдечно писмо до својата мајка, восхитувајќи ѝ се на нејзините достигнувања. Забележувајќи дека нејзината мајка не била како другите мајки што ги знаела додека растела, таа ја пофали нејзината работна етика и способноста да се биде подобар од претходно, а истовремено ја нарече и најбестрашната жена во светот.меј маск

Меј Маск / Фото: Принтскрин/ИнстаграмПред неа, Кети Џејкобс беше најстарата дебитантска манекенка која се појавила во изданието за костими за капење кога имала 57 години, иако таа не била на насловната страница.

Покрај Маск, оваа година свои насловни страни позирајќи во костими за капење добија и Ким Кардашијан, Сиара и Јуми Ну.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот