ФОТО: Иран истовремено лансираше три сателити

Фото: EPA-EFE/IRANIAN DEFENCE MINISTRY

Иран денеска по првпат истовремено лансираше три сателити со помош на ракетата-носач на сателити Симорг, развиена од Министерството за одбрана, објавија државните медиуми.

Еден сателит со тежина од 32 кг и два наносателити со тежина помала од 10 кг беа испратени во орбита од 450 километри со два помали уреди за тестирање на технологијата за теснопојасната комуникација и гео-позиционирање, се вели во извештаите.

Фото: EPA-EFE/IRANIAN DEFENCE MINISTRY

Поголемиот сателит наречен „Махда“, изграден од Иранската вселенска агенција, треба да ја тестира точноста на ракетата Симорг при носењето товар во вселената.

Фото: EPA-EFE/IRANIAN DEFENCE MINISTRY

Иран го лансираше сателитот „Сораја“ во орбитата овој месец со ракета изградена од воената елитна Револуционерна гарда, што ја зголеми загриженоста кај европските сили дека технологијата на вселенска ракета за лансирање може да се искористи за развој на балистички ракетен систем со долг дострел.

Фото: EPA-EFE/IRANIAN DEFENCE MINISTRY

Иран вчера ја отфрли осудата од европските земји поради неговото лансирање на сателитот Сораја, велејќи дека мирољубивиот технолошки напредок во авијацијата е легитимно право на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот