ФОТО | „Имам проблем со коцкањето“: Бака Прасе ги продава луксузните автомобили за ниски цени, а го остави и девојката

Фото: Инстаграм/Бака Прасе

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ (27), попознат како Бака Прасе, објави дека продава дел од своите автомобили и потенцираше дека „максимално“ ги спуштил нивните цени.

Како што може да се забележи на објавата на неговиот инстаграм-профил, тој продава Мерцедес-Бенц АМГ, Ламборџини и Мерцедес, кој неодамна ѝ го подари на неговата девојка Ања Благојевиќ, попозната како Ања Бла на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/Бака Прасе

Да потсетиме, јутјуберот неодамна напиша на својот инстаграм-профил дека не гледа излез од неговите коцкарски долгови.

„Прокоцкав многу пари и влегов во големи. Немам од каде да земам пари и не можам да се вратам додека не средам сè. Испаднав навистина глупав, сè зезнав. Направив голема глупост, не знам што да правам“, напиша тој, а пренес српскиот медиум „Блиц“.

Инаку, Бака Прасе е еден од најпознатите инфлуенсери во регионот. На Јутјуб го следат 2,3 милиони луѓе, а на Инстаграм има 1,2 милиони следбеници.

Му раскина и девојката?

Покрај финасиските проблеми, се чини дека Бака Прасе има и проблеми во љубовта.

Откако јутјуберот отворено проговори за нештата со кои се соочува, неговата девојка Ања Бла не се огласи на социјалните мрежи. Ова ги загрижи нивните обожаватели, кои веднаш се посомневаа дека нешто не е во ред.

„Добив многу пораки зошто со денови сум толку неактивна. Во моментов ми е малку тешко, па се повлеков на неколку дена, но сега сум тука“, напиша инфлуенсерката во описот на видеото, за кое многумина забележаа дека не е снимено во заедничкиот стан на двојката.

Бака Прасе и Ања Бла
Фото: Инстаграм/Ања Благојевиќ

Сега таа сподели нова објава на платформата ТикТок, каде објави свое видео со песната „Čini“ на српската пејачка Бресквица.

„А, која сум јас, кој си ти? Ние сме во друга димензија, како ме вози оваа тензија…“, гласи текстот на песната, за која многумина претпоставуваат дека се однесува на односот помеѓу Богдан и Ања.

@anjablaaVidim ti u ocima🖤♬ original sound – BRESKVICA


Дополнително, таа веќе не го следи на неговиот официјален инстаграм-профил @bakaprase, туку само на неговиот спореден профил @bakabonanza, каде нема објавено ништо од декември минатата година и кој го користи за да им дава подароци на обожавателите. Од друга страна, пак, Бака Прасе ја следи Ања од својот официјален профил.

Да потсетиме, Бака Прасе и Ања Бла се запознале во 2019 година и оттогаш нивниот однос е бурен. Тие ја потврдија својата врска пред јавноста во април 2021 година, кога јутјуберот сними видео во кое раскажа дека има девојка во која е вљубен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот