ФОТО | Има три жени и сите ги тера на пластична операција: Се запуштија

Фото: Instagram / lovedontjudgeshow

Американецот Мазаја е маж кому една жена не му е доволна, а засега се „смири“ со три на кои постојано им кажува како треба да изгледаат за да му угодат.

Мазаја досега бил во врска со Стефани и Роуз, кои себеси се нарекуваат „сестри“. А, неодамна, во нивното „јато“ се приклучи и третата жена.

Жените кои подеднакво го делат времето со заедничкиот љубовник сакаат да го приспособат својот изглед само за Мазаја, па сега решиле да направат пластична операција за да бидат „идеални“ за него, пренесува „Мирор“.

Тој нацртал и скица за секоја „сопруга“ за да им покаже како би сакал да изгледаат по операцијата.

Фото: Instagram / lovedontjudgeshow

Неконвенционалната врска започнала откако Стефани и Мазаја, кои се заедно седум години, решиле да тргнат по својот пат. По раскинувањето, Мазаја почнал да се гледа со Роуз, а потоа предложил тројцата да станат „едно“.

„Не се работи само за секс, туку за семејство, за единство. Имањето сестра и сопруга е голема придобивка за нашиот живот бидејќи имаме вечен пријател на кој можеме да се потпреме“, рекла Стефани.

„Стефани е бисексуалка, па сакавме да најдеме друга девојка. Навистина е убаво да имаш три жени“, додава Мазаја.

 

Фото: Instagram / lovedontjudgeshow

Тројката е заедно пет години, а неодамна во врската ја вклучиле и Дезеја.

„Дезеја е последното парче од сложувалката на забава и возбуда што ни требаше“, рече Роуз.

Дефинитивно оваа „заедница“ наиде на остри критики, пред се поради сомнежот дека Мазаја манипулира со жените кои очигледно не се способни за самопочит.

Фото: Instagram / lovedontjudgeshow

„Кога ја започнавме оваа врска имавме многу критики од луѓето кои велеа: ‘Уф, како можеш да го направиш тоа? Како можеш да го споделиш својот маж со друга жена.’ И сега кога додадовме трето лице, осудата сега е малку повеќе отколку што беше на почетокот“, вели Стефани.

Инаку, сега жените планираат да одат на пластична операција. Стефани и Дез ќе ги зголемат градите, додека Роуз призна дека сака бразилско подигнување на задникот.

„Ја поддржувам пластичната хирургија ако ги прави жените да изгледаат подобро. Би рекол дека моите жени веќе ја изгубиле формата“, вели Мазаја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот