ФОТО: Илиевски на Илинден успешно го заврши подвигот, исплива 71 км во Охридското езеро

Фото: facebook.com/martin.mojsovski.som

Како што беше најавено, тоа сега стана реалност, маратонецот Александар Илиевски го реализираше подвигот и успеа да исплива 71 километар во Охридското езеро.

Денеска, на 2 август на државниот празник Илинден стана првиот пливач кој го препливал Охридското езеро и тоа во должина од 71 километар.

Рутата која Илиевски на Илинден ја преплива беше Охрид – Св. Наум – Подградец (Албанија) – Струга – Охрид со старт во раните утрински часови (03.00).

Вкупно во водите на Охридското езеро пливаше 15 часа и 21 минута.

Фото: facebook.com/martin.mojsovski.som
Фото: facebook.com/martin.mojsovski.som
Фото: facebook.com/martin.mojsovski.som
Видео на денот